Плачлив глас

13.08.2022 16:32

На периферијата од еден запустен град
плаче бебе попрскано со кал.
Плачот му е слаб и рапав
и одвај може да се чуе,
но земјата допрена од голото газе на бебето
што ги загубило мајка му и татко му
е истата земја врз која сега стоиш.
Земјата, стежната од ѓубре, пријатели и непријатели,
од светкави неонски паноа на сите градови,
од тебе и од твоите љубени
и од бебето што плаче –
останува да виси во вселената.
Сончевината, прочистена низ дрвјата, трепти во бебешките солзи,
а небото е исто толку сино како и пред 2000 години.
Каква повторливост!
Сега ти е дозволена барем малку среќа што ти ја понуди денот
во име на сите мртви од минатото.
Конечно стана и мајка на едно дете.

Превод од англиски: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото