45 (сонет)

15.08.2022 17:16

При силен ветер
земјата е ко летало.
Дури и на високо пладне
свесни сме за ноќта.

Немо, намуртениот ветер
може само да растрчува наоколу.
Помислувам на ветер од друга ѕвезда –
може ли да се пријатели?

На земјава имаме ноќ и ден.
Што прават другите ѕвезди во меѓувреме?
Како ли поднесуваат да се шират во тишина?

Синото небо лаже.
Дури спиеме, ноќта ја шепоти вистината.
Потем наутро велиме дека сме сонувале.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото