„За критичката педагогија“ - онлајн средба на читачкиот клуб при КСП Центар-Јадро

16.08.2022 20:17
„За критичката педагогија“ - онлајн средба на читачкиот клуб при КСП Центар-Јадро

Утре во 𝟏𝟖:𝟎𝟎 часот ќе се одржи нова средба на читачкиот клуб каде што ќе се дискутира книгата „За критичката педагогија“ од Анри Жиру.

Утре во 𝟏𝟖:𝟎𝟎 часот ќе се одржи нова средба на читачкиот клуб каде што ќе се дискутира книгата „За критичката педагогија“ од Анри Жиру. Секој (со или без искуство) што сака да слуша, дебатира или учествува на било кој начин е добродојден/а. Средбата може да се проследи на следниот Zoom линк


ЗА АВТОРОТ

Анри Жиру е роден на 18 септември 1943 година, во Провиденс, Род Ајленд. Тој е еден од основачите на теоријата на критичката педагогија во Соединетите Американски Држави каде што дава најголем пионерски придонес во јавната педагогија, културолошките студии, високото образование, студиите за медиуми и критичката теорија.

Жиру бил професор во Универзитетот во Бостон, Универзитетот во Мајами и Универзитетот Пен Стејт во Пенсилванија. Во 2005 година, Жиру започна да rработи како претседавач со Глобална ТВ мрежа за англиски и културни студии на Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио.

Жиру има објавено повеќе од 35 книги и 300 академски написи и е фрекфентно објавуван во научните списианија за образование и културни студии. Во 2002 година Рутлиџ го именуваше Жиру како еден од најдобрите педесет образовни мислители на модерниот период.
Низ текот на целото свое творештво, Анри Жиру се обидува да развие критичка теорија за образованието, нагласувајќи ги клучните инстерсекции помеѓу улогата на образованието во училиштата и универзитетите со онаа на културата и јавниот живот. Неговата визија за критичка педагогија се залага за потребата педагогијата да биде централна за самата политика и да се помогне во создавањето на условите кои ќе бидат неопходни за развој на формативна култура која обезбедува основа за развивање критичка култура и значајна и суштинска демократија.

ЗА КНИГАТА

Во „За критичката педагогија“ Жиру ја анализира сè поемпириската ориентација на наставата, фокусирајќи се на културата на позитивизмот и испитува некои од главните економски, социјални и политички сили кои го поткопуваат ветувањето за демократско школување во јавното образование. Тој се залага против тенденцијата и на десничарските и на неолибералните интереси да го сведат школувањето на обука, а студентите само на клиенти. Тој укажува на зголемениот напад врз јавното и високото образование од десничарските популисти и администрацијата на Трамп во време на растечки авторитаризам. Жиру, исто така, го анализира наследството на Фрејере и праќа еден вид на апел кон просветните работници, јавните интелектуалци и останатите граѓани кои веруваат во ветувањето за радикална демократија.

ЗА ТЕМАТА

Критичката педагогија е филозофија на образованието која наставата ја гледа како политички чин. Таа ги опремува учесниците да ги детектират и анализираат структурите на моќ и причината за статус квото во нивната средина.
Една од главните задачи на критичката педагогија е да ги надмине институционалните слабости и да придонесе за развој на поединци способни за критичко размислување и активно учество во трансформацијата на постоечките нееднакви општествени односи.

Учењето во критичката педагогија е секогаш со заедницата и заедничко. Таквото учење нуди можност за слушање и почитување на повеќе гласови и перспективи, што значи нема вертикалност и ригидност во едукативниот пристап. Критичката педагогија со ваквата методологија има широка употреба и примена надвор од традиционалните образовни институции.

Критичката педагогија, се заснова на идеите за критичка теорија на Франкфуртската школа чии истакнати мислители, како што се Хоркхајмер, Адорно, Маркузе, Фром, Хабермас, имаа големо влијание врз критички теории на образованието.

Еден од најпознатите критички педагози, Анри Жиру вели
дека критичката педагогија моментално ја нуди „најдобрата, можеби единствената можност за младите луѓето да развијат и да воспостават свест за нивните права и одговорности со цел да учествуваат во управувањето, а не само да се во режија на владејачките идеолошки и материјални сили“.
Темелите на критичка педагогија се поставени од Паоло Фрејре во неговата книга „Педагогијата на угнетените“ (1968).

ОкоБоли главаВицФото