1017 hPa
93 %

8 °C
Скопје - Нед, 18.05.2025 01:59
Во песната што ја пеам
светот е ранет.
Го терам да пее,
но тој молчи.
Зборовите се кутри дечиња
загубени засекогаш,
нацуцулени врз нешта, ко самовилски коњчиња
растреперени среде густ молк.
Се обидуваат да избегаат во нештата;
но зборовите не можат
да го сакаат светот.
Ме колнат и умираат,
ги прибира небото озарено од ѕвезди.
Јас им ги продавам мршите.
Превод од англиски јазик: Зоран Анчевски