1029 hPa
80 %

-4 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 02:59
Твоето писмо стаса веднаш штом го спушти телефонот.
Во разговорот се шегуваше,
но писмото ти беше мошне сериозно:
‘Сакам да сум импала во саваната.’
Завршуваше нагло со овие зборови.
Следниот ден – петок – имаше над триесет степени.
Средба покрај фонтана во подземниот трговски центар.
Ти ја вртеше својата бела торбичка.
Јас го имитирав Чаплин.
Потоа каснавме малку пица.
Никогаш не ја спомнавме импалата.
За некои нешта може да зборуваме само преку писма;
а има прашања што одвај треба да ги прашуваме со зборови,
ако сакаме да продолжиме со живот на овој свет
во кој ѕвездите и плускавците на нозете постојат заедно.
Превод од англиски јазик: Зоран Анчевски