1009 hPa
82 %

11 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 03:59
Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ годинава ќе се одржи по седми пат: на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје.
Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони...
Четириесетината учесници од регионот и од нашата земја ќе се обидат да ги лоцираат современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараат за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираат интригантни интердисциплинарни проекти кои го шират полето на културата...
„Новата писменост“, во контекстот на „Друга приказна“, меѓу другото значи и борба за поинакво, „поалтернативно“ разбирање на книжевноста, кое истовремено е пошироко, посинтетичко, и кое уште идеалистички веерува во моќта на книжевноста да ги менува човекот и светот.
ПРОГРАМА
Петок (26.08.), Сули ан
18.00.-20.00. - изложба Бантустански мапи, водење низ изложбата и
предавање „Дигитална поетика“ на Урош Крчадинац
20.00. ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ
- видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска
21.00. - Промоција на книгите „Нарилник за вештерки“ и „Штефица Цвек...“
21.30. разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски...
22.30. Димитра Цилевска - мал концерт
Сабота (27.08.), МКЦ
18.00.-20.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 1
- Сенка Мариќ со Калина Малеска
- Маша Сеничиќ со Душица Лазова
- Јана Букова со Душко Крстевски
- Данило Лучиќ и Вита Требовац со Никола Гелевски
20.00. - Суштества страшни со фризури и машни - изложба на Ненад Тонкин.
20.30. Проекција на филмот Дуга реса; разговор со режисерот Драган Протиќ
22.00. ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни фикции“)
Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ, Владо Манчевски, Вита Требовац, Живко Грозданоски... Водител: Владимир Лукаш
Недела (28.08.), Матка
13.00.-17.00. - Изложба на Анета Попова: You are my bowl / I am your bowl (Микро изложба во шума)
Недела (28.08.), МКЦ
15.30. - 18.00. Две работилници за деца со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски
Сетилна имагинативна лабораторија - цртање и моделирање ликови преку звук, мирис, допир, слика и збор.
Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра
18.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 2
- Разговор со Јана Бауер
- Барбара Прегељ со Никола Гелевски
- Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска
- Вита Требовац со Ана Чушкова
20.00. дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Урош Крчадинац, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ, Никола Гелевски...
22.00. Проштална журка
*Програмата може да има мали измени
Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура на Република Северна Македонија