1020 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 06:59
местото на потеклото насила ја презема улогата
на упориште: сите документи знаат каде сум
родена и каде сум запишала прво одделение.
секоја институција бара да се закотвам
и по таа основа ми го оданочуваат денот долж
струкот под кој треперат невоедначените,
уситнети оброци; гравитацијата безволно
ги влече кон тешко сварливиот вчерашен ручек.
би можела да бидам чинија полна со витамини,
дланка свежи бадеми, идеален размер
меѓу ориз и вода, се потпишувам, сепак ‒
јас-општина на породилиштето, јас-потврда за жителство,
јас-поштенски број на надлежен државен орган
и конечно, јас! извод од матична книга во
климатски услови ослободени од географија:
пар стотина километри низводно смртта,
подеднакво лежерна по прашањето на просторот,
безгрижните момчиња ги стопува со карпите под
будното око на бурата; длабок, насилен јаз. читам
за момче кое својот вир самото го избрало. слушам
како жени негде го зборуваат она што баба никогаш не
смееше, дека не сакаат. осеќам дека во мене крошната пулсира,
единствениот живот кому му го гарантирам местото на престој,
јас-нејзинита кожа, најголемиот орган во кој кога било
сум го потврдила своето питомо, стварно живеалиште,
единствената шума од која кога било сум излегла со сите
свои гранки. телата на момчињата ми се вплеткале
меѓу корењата: на жената која само и може
да каже