„Урбани Рефлексии“ - самостојна фотографска изложба на Ристо Костовски

19.08.2022 15:06
„Урбани Рефлексии“ - самостојна фотографска изложба на Ристо Костовски

КСП Центар - Јадро во сабота, 20 август, во 20 часот, ќе биде поставена изложбата „Урбани Рефлексии“ на фотографот Ристо Костовски.

КСП Центар - Јадро во сабота, 20 август во 20 часот, на отворањето на изложбата под наслов „Урбани Рефлексии“ на којашто ќе биде претставена визијата за родниот град на фотографот Ристо Костовски (Скопје, 1954).

Поставката содржи шеснаесет дигитално печатени фотографии во боја на коишто основниот мотив е рефлексијата на стварноста разбрана во обете значења - и како одраз, и како самопромислување. По својата жанровска припадност, интересите на авторот се сместуваат на работ на, таканаречената, „улична фотографија“, односно, фотографија на јавниот урбан простор и на неговите процеси.

ОкоБоли главаВицФото