Годините на човекот, магарето, песот и мајмунот

22.08.2022 15:48
Годините на човекот, магарето, песот и мајмунот


Кога Господ го создавал светот на магарето, песот, мајмунот и човекот им поделил по 30 години живот. Магарето знаело дека неговиот живот ќе биде тежок, па го замолило Бога да му го скрати животот. Господ му скратил 18 години.

И песот и мајмунот се побуниле дека Господ им дал премногу. И ним Бог им го скратил животот, на песот за 12, а на мајмунот за 10 години.

На човекот му се видело дека 30 години се премалку, па барал покачување. Господ на лакомецот му ги додал годините одземени од магарето, песот и мајмунот.

Така човекот поживеал 70 години. Првите 30 години се неговиот човечки живот и тоа се здрави, среќни години во кои човекот ужива. После тоа доаѓаат тешките магарешки, кога човекот влече за другите, а за својата служба добива само удари. Потоа доаѓаат 12-те кучешки години кога човекот лежи во ќош и рже зашто веќе нема заби за да може да гризе. Најпосле доаѓаат десетте мајмунски години, кога е човекот стара будала на која децата и’ се смеат.

(Народна приказна запишана од браќата Грим)

 

Слични содржини

Книжевност / Живот
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност
Книжевност / Екологија / Живот / Историја
Книжевност / Психологија / Живот / Култура
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото