Бакалница

24.08.2022 11:10

Значењето е невкусно кога ќе го проголтаме,
но вкусно е кога ќе го загриземе.
Има вкус на слонова коска, кал...
вкусот на крв му е најдобар од сите.

Ако значењата ги пикнеме во црево од зборови, како колбаси,
и ги обесиме пред бакалницата,
ќе дојдат гладни кучиња
да душкаат наоколу.

Да им фрлам ли некое,
да ги нахранам ли со неколку?
Полни се со возбуда од смрдеата на значењето.
Ги соголуваат песјаците, се кострешат
и уште пред да ги избркам со вода,
тие веќе се грабнале за шија.

’Ржејќи, скокаат едно врз друго
и се гризат кај што ќе стасаат,
од вкусот на свежата крв
сосема забораваат на колбасите.

Едни лаат со здивен поглед во очите,
други ја свиваат опашката и бегаат.
Некои ги зариваат шепите и изгледаат бесно,
други, пак, си мочаат безгрижно.

Никој не ги купува колбасите.
Наскоро скапуваат
на жештината
и изгледаат како кучешко лајно.

Превод од англиски јазик: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото