За давање песни на луѓето

26.08.2022 08:35

Не може да даваш песни никому.
Не може да ги поседуваш како вратоврски.
Од мигот кога се напишани
не ни припаѓаат ниту вам ниту мене,
туку секому.
Колку и да се чувствени твоите посвети,
колку и да се лични откриените спомени,
песните не може да се скријат од окото на јавноста.
Оти тие не се сопственост на поетот,
може да му припаѓаат секому – како и светот
што не припаѓа никому и му припаѓа секому.

Песните се ветре што ткае пат меѓу луѓето.
Тие го озаруваат со молневит блесок
лицето на вистината.
Иако поетот се обидува да го скрие името на љубената
во акростих, неговиот стремеж
го надминува
локалното значење на песната,
па затоа тој не може да ги затвори песните во книга.
Да им даваш песни на луѓето
е исто како да им даваш воздух.
Ако песната е воздух, би сакал да е тивок здив
што истекува од усните на вљубените.
Оти, при ваквото редење збор врз збор,
копнееме по причесна за душата,
при што зборовите сѐ уште не се зборови,
ниту, пак, сѐ уште се зборови.

Превод од англиски јазик: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото