Ива Дамјановски победи на седмиот писателски натпревар „Овде паѓаат крупни зборови“

29.08.2022 15:12
 Ива Дамјановски победи на седмиот писателски натпревар „Овде паѓаат крупни зборови“

На крајот на втората вечер на седмиот фестивал „Друга приказна“ се одржа најатрактивниот настан, писателскиот натпревар „Овде паѓаат крупни зборови“. Во своевидниот перформанс учествуваа десет писатели и писателки од земјава и регионот: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Вита Требовац ,Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ, Владо Манчевски, и Живко Грозданоски.

Најмногу поени од жирито добија три писателки од различни земји: Јана Букова од Бугарија, Маша Сеничиќ од Србија и Ива Дамјановски од Македонија. Во финалниот двобој меѓу Букова и Дамјановски победата ја однесе Ива Дамјановски, заработувајќи 6000 денари.

Водител на настанот беше бурниот и духовит мултимедијален уметник Владимир Лукаш, а жирито го сочинуваа Никола Гелевски, Урош Крчадинац, Лори Атанасова, Јоана Ристевска и Душко Крстевски. Поените ги броеше и регуларноста на натпреварот ја контролираше Ѓорѓи Митровски.

Во продолжение пренесуваме уште неколку фотографии од наастанот, на Наташа Гелева.

Скулптурите на фотографиите, кои беа дел од сценографијата на настанот, се на Ненад Тонкин.

 

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан

ОкоБоли главаВицФото