1029 hPa
80 %

-4 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 02:59
Знам дека ќе лажам.
Мајка ми ми рече да не лажам,
но мислам ќе да е поради тоа што
и таа кажувала лаги,
па знае дека боли да лажеш.
Дури и кога лажам
чувствата ми се чесни.
Некои нешта се кажуваат само со лаги.
Да можат да зборуваат
и кучињата ќе лажат.
Ако ме фатат во лага
нема да се извинам,
а ако едно извинување е доволно,
воопшто не би кажал лага.
Дури и никој да не знае дека лажам, јас си знам,
та затоа ќе живеам во лаги.
Секогаш целејќи кон факти
ќе продолжам да лажам,
сѐ дури не ми збоктиса од лаги.
Превод од англиски јазик: Зоран Анчевски