1022 hPa
87 %
8 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 12:59
Зошто толку се затнаа улиците во Скопје?
Една од причините за неистекување на водата се и оние т.н. „жардињери“ во кои го „заробивме“ зеленилото долж булеварите и покрај зградите!
Сакајќи да го решиме проблемот со газење на требата и паркирање по зленилото, на некој градоначалник и неговите архитекти им текна да го заградат со ѕидчиња!
Е сега нема како водата од улиците да се впие при обилни дождови! Ниедна атмосферска канализација не може да се направи со капацитет кој може вакви обилни поројни дождови да ги прифати, и така не се ни проектира. Улиците немаат толкав профил за да се стават цевки со поголеми профили, а има и други инсталации кои се водени под улиците. Затоа се планира зеленило кое не е во „саксија“ и тоа треба да впие дел од водата.
Дополнително, кога сите градски површини и јавни и приватни по дворови, ќе се избетонираат, пополочат и тоа со непропусни/непорозни материјали, резултатот е дека градот е еден ГОЛЕМ БАЗЕН, кој се преплавува.
Е тоа е!
Фото: Радио МОФ