
Емемем е француски уметник, роден во Лион, кој во јавноста е познат и како „хирург за тротоари.“
Овој уметник ги посетува градовите низ Европа, барајќи распарчени и уништени делови од тротоари и улици. Користејќи плочки и камења, Емемем „ги крпи раните на улиците“ и ги заменува со живописни мозаици во различни бои, кои се вгнездуваат во уникатните контури на оштетениот асфалт и го разведруваат неговото сивило. Самиот чин на творење, Емемем го опишува како „бесплатен и спонтан хируршки чин, кој разубавува, но и поправа“.
Од 2016 година па навака, Емемем има обновено стотици дупки и пукнатини на улиците во Норвешка, Шкотска, Германија и Шпанија, а фотографиите од своите „интервенции“ често ги споделува на Инстаграм.
Извор: Colossal