Еден Шагал и лист од дрво

05.09.2022 12:41

Ја дадов сета заштеда за графика од Шагал и ја ставив зад
дабов лист што го скинав по патот –

нешто на кое може да се стави цена
и нешто на кое не може –

нешто што го создале човечко срце и рака
и нешто што е на природата дело.

Шагалот е прекрасен.
И дабовиот лист е прекрасен.

Станувам и си правам чај,
со мек попладневен зрак што паѓа на маса.

Го погледнувам Шагал,
деновите минати со неа ми идат на ум.

Кога го погледнувам дабовиот лист
мислам на префинетоста на Создателот.

Еден лист и еден Шагал –
обата се незаменливо скапоцени.

Звукот на Равеловото пијано се извишува.
Денов станува едно со вечноста.

Срцето и телото се топат во синото небо отаде прозорецот.
...... Од каде, пак, сега идат овие солзи?

 

Превод од англиски јазик: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото