Темплум, Сказнувалка и Чудна шума на Фестивал на книгата 2022

05.09.2022 12:06
Темплум, Сказнувалка и Чудна шума на Фестивал на книгата 2022

Под мотото „Скопје чита,“ во периодот од 7 до 12 септември 2022, на отворениот простор пред Спортскиот центар Борис Трајковски (поранешен картинг), ќе се одржи Фестивал на книгата 2022.

Покрај останатите издавачи, на заеднички штанд на Фестивалот, ќе бидат изложени книжевните изданија на издавачките куќи Темплум, Сказнувалка и Чудна шума, како и изданија на Гаврош и Елоквента. Се најавуваат фестивалски попусти, промоција на нови изданија и книжевни дружења.

Темплум, од своите најнови изданија кои меѓу другите ќе бидат изложени на Фестивалот, ги издвојува двете книги на Дубравка Угрешиќ, „Нарилник за вештерки“ и „Штефица Цвек во челустите на животот“, сликовницата „Шапката на господинот Зингер“ на Кери Феган и Душан Петричиќ, како и 94тиот број на Маргина, посветен на афоризмите, кој вклучува и мала антологија на македонскиот афоризам.

Организаторите на настанот пак, најавуваат едно поинакво фестивалско издание на книгата на кое љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца, сето тоа пропратено со музичка програма во рамки на која ќе настапат неколку DJ-и

Работното време на Фестивалот е од 10:00 до 20:30 часот.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото