Помеѓу сонот и јавето

07.09.22 10:57

Kомбинирајќи шарено стакло, керамика, маслени бои и мали мозаични плочки, скулпторката Кристина Ботвел, во нејзиното студио во Пенсилванија, создава надреални хибридни суштества и фигури кои го окупираат вонземскиот простор помеѓу соништата и будноста.

Скулптурите се обоени со теми на магија, имагинација и ескапизам, кои се рефлектираат преку начините на кои човечките тела се спојуваат со птиците, мајмуните, октоподите и елените. За своите дела Ботвел објаснува:

„Бев чувствително дете со ексцентрични родители кое не се вклопува. Јас дури не се вклопував ни во моето семејство често пати. Бев како дете на некои самовили, добиено по случајна замена при раѓање, или вонземјанин со кој тие беа принудени да живеат. Се чувствував како аутсајдер поголемиот дел од мојот живот и секогаш се чувствував несигурно, небезбедно, да бидам тоа што сум. Поради тоа, мислам дека се идентификувам со елените...кои и покрај нивната убавина и грациозност не се заштитени или ценети, а нивната ранливост и невиност резонира со нешто длабоко во мене.“

„Две темјанушки“

„Сонот на приматот“

"Луциден сон"

„Полжав“

„Мало еленче“

„Промена на расположението“

„Не зборувај зло, не гледај зло, не слушај зло“

Лево: „Овде и сега“. Десно: „Безбеден рај“

„Состојба на сон“

Горе: „Нова недела“. Долу лево: „Чај со крави“. Долу десно: „Чајанка“

 Извор: Colossal

ОкоБоли главаВицФото