1008 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 03:59
"Incorporated" е името на деби-албумот на џез ансамблот SkopjeJazzInc. чија промоција е закажана за 12 септември, кафе бар Филхармонија, со почеток од 20 часот.
SkopjeJazzInc. е џез состав во кој членуваат музичари која изминативе години оставија белег на домашната џез сцена, а своите кариери ги градат паралелно и на меѓународната џез сцена. Во SkopjeJazzInc. членуваат Трајче Велков на труба, Зоран Костадиновски на гитара, Горан Ѓешовски на бас и Виктор Филиповски на тапани. Како гости на албумот се јавуваат Кирил Кузманов на флејта и Гордан Спасовски на пијано.
"Incorporated" е резултат на повеќегодишното заедничко музицирање, период во кој бендот, како што ќе кажат неговите членови, „изгради свој единствен и препознатлив стил кој се темели на традицијата, но истовремено изразува и еден смел поглед кон иднината. На албумот се наоѓаат 7 авторски композиции, дела на Трајче Велков и Зоран Костадиновски.
Албумот е во издание на издавачката куќа ЗЏМ/ZJM Records