Започнува 25тото издание на Скопски филмски фестивал

09.09.2022 09:45
Започнува 25тото издание на Скопски филмски фестивал

Во петок, 9 септември, во 19 часот во галеријата на Кинотека ќе биде отворено 25тото издание на Скопски филмски фестивал. Фестивалот ќе започне со изложба по повод 25 годишнината на манифестацијата, а се најавува разновидна програма во чии рамки ќе бидат прикажани играни и документарни филмови, распоредени во неколку целини.

Филмот „Триаголник на тагата“ на режисерот Рубен Ослунд, црната комедија добитник на „Златната палма“ во Кан оваа година, ќе биде прикажан веднаш по отворањето на изложбата.

"Триаголник на тагата"

Како што најавуваат организаторите на фестивалот, и оваа година не очекува најавуваат разновидна филмска програма во чии рамки ќе се прикажуваат играни и документарни филмови поделени во неколку целини - програма на светски филм, фокус на европски филм, програма на авторски филм, како и ретроспективата 50 години „Кум“.

Во програмата „Светски филм“ на Скопје филм фестивал ќе се прикажат филмови како „Вози ја мојата кола“ на јапонскиот режисер Хамагуши, канадско – францускиот филм „Соколово езеро“ на режисерката Шарлот Ле Бон и аргентинско – шпанскиот „Официјална конкуренција“.

Во програмата „Авторски филм“ влегува најновото остварување на Гаспар Ное „Вртлог“, како и уште три филмови во програмата „Фокус на европскиот филм“ – „Корсет“ на режисерката Мари Крацер, „Едно убаво утро“ на Миа Хансен Лов, и „Смачено ми е од себе“ на режисерот Кристифер Боргли.

Во рамки на програмата „Кинемода“ ќе биде прикажан документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ кој претставува портрет на Маргиела, кого модниот свет го сметаше за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години.

„Среќни сме што го дочекуваме јубилејното издание на Скопскиот филмски фестивал кој успеа да опстои сите овие години и да го одржи својот континуитет на квалитетни филмски остварувања. И оваа година направивме избор на значајни филмови и ја поканувам нашата публика во петок и во наредните денови заеднички да го прославиме нашиот јубилеј“, истакнува Татјана Јаневска, директорка на СФФ.

Проекците на филмовите ќе се одржат во Кинотека и во кафе-киното „Котур“, а распоредот на програмата може да го погледнете на следниов линк.

ОкоБоли главаВицФото