„Мала книга за вонземјани“

09.09.2022 11:52
„Мала книга за вонземјани“

Изгледа дека живееме во многу специфичен момент кога станува збор за разбирање на можностите за живот во Вселената. Никогаш порано не постоел толкав интерес околу прашањето дали постои живот на другите планети и никогаш претходно не сме биле поблиску до одговорот на ова прашање. Па, што треба да направи некој кој е заинтересиран за ова толку важно прашање, во овој клучен момент?

Во мојот случај, одговорот беше лесен: Напиши книга.

Прашање поставувано 20 века

@NASA

Луѓето отсекогаш прашуваат, „Дали сме сами“? Може да ги читата Аристотел и Демокрит како дебатираат за ова прашање уште пред 2000 години. Во текот на 20 века, темата никогаш не беше решена, а аргументите никогаш не стивнаа.

Но, тогаш во 50-тите години, беа направени првите чекори кон тоа животот на вонземјаните да стане тема на научни истражувања. Сè започна со Енрико Ферми кој го формулираше својот познат „парадокс“ за време на ручекот во Национална лабораторија во Лос Аламос во 1950 година, прашувајќи се зошто вонземјаните од подревните делови на Универзумот досега не нè посетиле. Во средината на деценијата, експериментот на Милер и Ури ни даде увид за тоа како се создаваат основните молекули на животот, имитирајќи млада планета Земја во епрувета. Конечно, на крајот на деценијата, Френк Дрејк ја спроведе првата вистинска потрага по вонземски живот, користејќи го џиновскиот радио телескоп во Грин Банк, Западна Вирџинија.

Во следните 20 години, науката која го проучува животот во Вселената напредуваше. Беа испратени сонди на сите планети, а потрагата по вонземска интелигенција продолжи со низа нови и важни идеи.

Потоа нештата станаа малку мрачни. Потрагата по вонземска интелигенција имаше потреба од финансирање, а група политичари го користеа тоа за да добијат поени, обвинувајќи ја НАСА дека ги троши парите на даночните обврзници. И по мисиите на Викинг во 70-тите, се чинеше дека Марс е само мртва карпа. Луѓето престанаа да размислуваат за Сончевиот систем како место на кое може да се трага по живот. Тоа беше депресивно време во потрагата по космички живот - време кое за среќа не траеше долго.

Потрагата по вонземјани станува мејнстрим

@NASA

По доцните деведесетти, полето што сега го нарекуваме астробиологија повторно оживее. Прво, Марс ненадејно повторно стана интересен бидејќи група вселенски летала убедливо покажаа дека Црвената планета некогаш била сина. На Марс имало вода пред милијарди години, многу вода. Можеби се појавиле форми на живот на Марс во тоа време. Можеби тие форми на живот сеуште постојат. Исто толку важно, во 1995 година за прв пат беше откриена егзопланета која орбитира околу далечна ѕвезда слична на сонцето. Ова беше почеток на она што сакам да го наречам „револуција на егзопланети“ и сега знаеме дека секоја ѕвезда на небото е домаќин на семејство непознати светови. Со сите тие вонземски светови, шансата да постои вонземски живот, а можеби и вонземски цивилизации, стана многу поголема.

Конечно, во последните неколку години, неидентификувани летечки објекти и неидентификувани воздушни феномени одеднаш станаа мејнстрим вести. Три видеа објавени од американската морнарица, заедно со владиниот извештај објавен минатата година, ја извадија темата од сенка и ги оставија сите да се прашуваат: „Дали треба да го сфатам ова сериозно?

Па зошто сето ова е проблем? Едноставно кажано, тука има многу нешта кои треба да се опфатат.

Ако навистина сакате да разберете што се случува сега, треба да разберете и што се случувало тогаш. Научниците како мене, кои студираат астробиологија, веќе знаат за Дрејковата равенка, зоните погодни за живеење и Дајсоновите сфери, за да наведат неколку елементи од потребната основа. Ваквите теми го обликуваат она што го правиме сега и што ќе го откриваме утре. Треба да ја знаете целата таа позадина, за да сфатите што се случува. Во исто време, ако сакате да знаете што ќе откриваме утре, треба да знаете и за работи на кои работиме во моментов, теми со имиња како атмосферска карактеризација, биопотписи и технопотписи.

Исто е и со неидентификуваните воздушни феномени. Време е да се направи вистинска научна студија на оваа тема? Па, како би изгледало тоа? Кои теми треба да бидат опфатени? Што мислиме за технологијата која вонземјаните можеби ја имаат, доколку неидентификуваните воздушни феномени се воопшто поврзани со вонземјаните? (Јас сум многу скептичен околу ова, но како да примениме наука за тоа прашање?)

Токму затоа започнав нов проект – книга. Се вика „Мала книга за вонземјаните“, а ако сум вреден, би требало да излезе есента 2023 година. Планот за книгата е: 50 кратки самостојни поглавја или делови. Мојата цел е да им дадам на луѓето остра и лесно достапна појдовна точка за сите работи што треба да ги разберат и да учествуваат. Тоа ќе биде серија дискусии за највозбудливиот и најважниот научен потфат во историјата на човештвото.

Тоа не е хипербола.

Конечно сме во позиција да почнеме да добиваме вистински податоци кои можат да ни помогнат да одговориме на прашањето „Дали сме сами?“

Возбудлив момент е да се биде жив, и сакам сите да бидат вклучени во него.

@NASA

Извор: bigthink.com

 

Слични содржини

Свет / Наука / Технологија
Наука / Технологија / Живот
Наука / Технологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото