1027 hPa
70 %
7 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 08:59
Две глувчиња
врз желкин оклоп
послале чаршафче од антилоп
и вежбале со хулахоп.
„Овде горе сме топ,
ни топ не нè бие“,
рекло едното глувче, и оп!,
се слизнало, паднало и умрело!
Другото викнало црн поп
за да организира закоп.
Дошол бумбар црн: „Јас сум поп и вршам
ископ за закоп и закуп на гробно место.“
Кога бумбарот со своите клешти
го штипнал мртвото глувче
тоа веднаш скокнало ‒ и оп!,
заедно со другарчето избегале во галоп!
Од под својот оклоп се јавила и желката:
„Каков е овој необичен склоп?
Дајте овде, ви се молам, светлина сноп!
И тргнете ми го од оклоп глупавиот хулахоп!“