Чудните стрипови на Алисон Заи

12.09.22 11:16

Алисон Заи е илустраторка од Лос Анџелес која со своите дела успеа да собере импресивен број следбеници на социјалните мрежи, и покрај тоа што таа самата останува настрана од онлајн присуството. Делата на Алисон зборуваат за неа: нејзините идиократски карактери и сценарија кои оживуваат преку ексцентрични бисери на мудроста и бесмислености во стилот на Луис Керол, најчесто претставени преку палета од светли и впечатливи бои.

Многумина во делата на Алисон гледаат бескрајни извори на утеха, смеа или инспирација – без разлика дали тоа е во нејзиниот посебен визуелен стил или во нејзините необични способности за раскажување приказни.

“Она што првично ме привлече кон стриповите беше раскажувачкиот аспект” – објаснува таа. „Се работи за тоа, да можам да обликувам мисла која сум ја имала во мојата глава во неколку цртежи со вклучени зборови, кои ќе испратат порака на многу специфичен начин.“

Она што ја прави Алисон посебна е начинот на кој чудните и спиритуални димензии на најзините цртежи често пати ги преобразува во нешто попипливо преку оригинални афоризми. Процесот на креирање на овие кратки, но влијателни стрипови и илустрации се покажа како успешен метод за Алисон. „Јас секогаш си го претставувам целото сценарио во мојата глава пред да почнам со цртање. И потоа создавам сцена која се базира на дијалог, и посветувам многу време на тоа како да ја осмислам интеракцијата помеѓу ‘облачињата со текст’ и илустрациите.“

 

Извор: It's Nice That

ОкоБоли главаВицФото