10-то издание Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

13.09.2022 13:50
10-то издание Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Во периодот од 18 до 21 септември во Скопје ќе се одржи десеттото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан.“ Гости на фестивалот ќе бидат десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко.

Добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, за оваа година е македонската писателка Оливера Николова, на која ќе ѝ се придружат писателите: Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли. Творештвото на овие автори ќе биде промовирано на отворањето на 18 септември, во Даут-пашиниот амам од 20 часот.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со Грлиќ е закажан за вториот фестивалски ден, со почеток од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква,“ каде од 21 часот Пијан Славеј ќе одржи музички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“.

Фестивалот ќе биде затворен на 21 септември во Даут-пашиниот амам. На третата фестивалска вечер видео обраќање ќе има годинашната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, а писателите ќе читаат извадоци од нивните дела. Во сеќавање на Луан Старова, ќе биде прочитан и извадок од негово дело.

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа,“ a фестивалот е поддржан од  “Министерство за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

Слични содржини

Книжевност / Култура / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото