Туширање со ладна вода и носење дебели чорапи – Австрија објави мерки за спас од енергетската криза

13.09.2022 13:28
Туширање со ладна вода и носење дебели чорапи – Австрија објави мерки за спас од енергетската криза

Под името „Мисија 11“ австриската министерка за енергетика и заштита на околината, Леоноре Гевеслер, главната секретарка на компанијата AustriaEnergy, Барбара Шмит и директорот на Австриската агенција за енергетика, Франц Ангерер, денес на прес-конференција во Виена ја претставија кампањата на сојузната влада за заштеда на електрична енергија.

Се предвидува дека со примена на овие мерки просечно да се заштедат 11% енергија и тој процент на заштеда се оечкува од секое австриско домаќинство. Впрочем оттаму и доаѓа и името на овие мерки, Мисија 11, а самата стратегија опфаќа низа препораки од владата како да се заштеди на енерргенси.

Мисија 11 вклучува повеќе мерки од кои дел јавноста ги прими со неверување. На пример, австриската влада препорачува Австријците повеќе да не се бањаат во кади, туку да се тушираат и тоа по можност со ладна вода. Тие објаснуваат дека ако водата е топла, туширањето да е значително пократко отколку досега затоа што само една минута пократко туширање наводно штеди енергија до 20%. Се препорачува и греењето да се намали за барем 1 степен Целзиусов што значи, наместо греење, луѓето да си носат подебела облека и чорапи, пишуваат тамошните медиуми.

Во јавните установи греењето на зима ќе се ограничи на 19 степени Целзиусови, од што исклучок се училиштата, градинките, болниците и домовите за стари лица.

За миењето чинии и перењето алишта исто така се дадени низа упатства и се препорачува да се премине од обични светилки на ЛЕД светилки, со што ќе се заштеди дури 94% на струја. Осветлувањето на јавните згради ќе се гасне после 22 часот навечер, со исклучок на уличното осветлување.

За да се заштеди на гориво, се препорачува да се вози низ град побавно, на автопатите да не се вози со брзина поголема од 100 км/ч, а по обичните патишта не повеќе од 80 км/ч. Од сопствениците на автомобили се очекува и се повеќе да се возат со јавен превоз или да возат велосипед наместо автомобил.

Кампањата за штедење енергија има соодветни мерки и за пушачите. Имено, на зима австриската министерка за енергетика и заштита на околината побара од угостителите на терасите во рестораните и кафулињата да не користат греалки, плински или електрични, кои им овозможуваат на пушачите да седат на отворено и да пушат.

Понатаму во владините упатства се вели и луѓето кои живеат во исто соседство и не можат да користат јавен превоз, да се возат заедно со еден автомобил, а возачите барем еднаш месечно да го мерат притисокот во гумите затоа што пренискиот притисок значи поголема потрошувачка на гориво.

Во објаснувањето на причините поради кои дошло до енергетска криза и поскапување на енергенсите, поради кои мора да се започне применувањето на мерките Гевеслер, се одрвнала на руско-украинскиот конфликт.

„Путин сака да не уцени и да не омекне. Ние не можеме едноставно да гледаме како во Украина се убиваат луѓе. Тоа е и војна против нашиот западен модел на живеење. Нема веќе враќање. Мораме да се подготвиме за зимата најдобро што можеме“ вели австриската министерка.

Извор: Vecernji.hr

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото