13то издание на ЕХО фестивалот за планински филм

15.09.2022 12:22
13то издание на ЕХО фестивалот за планински филм

На 19ти септември, со почеток од 19 часот, во Парк киното МКЦ ќе биде отворено 13тото издание на ЕХО фестивалот за планински филм, кое ќе трае до 23 септември.

Отворањето на фестивалот ќе биде посветено на доајенот на Македонскиот документарен филм, режисерот Кочо Недков, со доделување на постхумно признание за животно дело од страна на фестивалот и проекција на негов краток филм. Негови дела ќе бидат проектирани и во следните денови.

По официјалниот дел, програмата на денот на отворањето ќе продолжи со уште две исклучителни приказни:

19:30 „Последната планина,“ Крис Терил, Велика Британија, 2021, 100’
21:30 „Оганот на љубовта,“ Сара Доса, САД, 2022, 93’

Програмата на годинешното издание на ЕХО фестивалот за планински филм вклучува 50 филмови, кои ќе бидат проектирани на три кино локации. Програмата вклучува и 10 предавања на разни теми меѓу кои и предавање (мастер клас) на темата „Алпинизам и документаристика“ со наградуваниот режисер Дарек Залуски (Полска), како и 3 работилници за најмладите, и една наменета за студенти од областа на филмот, модерирана од Илија Тирицовски (ОХО Продукција), со наслов "Споделување приказни за креирањето на Планински Филмови."

Влезот на сите настани на ЕХО 2022 е слободен.

ОкоБоли главаВицФото