Писма кон иднината

16.09.22 10:24

Дизајнерската агенцијата Ки Саигон од Виетнам, преку книгата „Писма кон иднината”, која всушност e серија писма раскажани преку рециклирана пластика, испраќа пораки до нашите пра-пра-правнуци.

Запознаени сo податокот дека секое парче пластика некогаш направено сè уште постои на оваа планета, агенцијата решава да направи нешто околу тоа. Уметничкиот директор на агенцијата, Кумкум Фернандо, објаснува дека иницијативата потекнала од помислата дека едноставно парче пластика ќе биде на земјата долго после нас, ќе биде наоколу кога ќе се родат нашите пра-пра-правнуци, илјада години од сега. И така, со оглед на фактот дека се потребни илјада години за пластиката да се распадне, Ки Сајгон започнува самоиницијативен проект за подигање на свеста за ова прашање. „Мислевме дека пластиката е речиси како временска капсула“, додава Кумкум.

Агенцијата, во соработка со Pizza 4ps, побарала од семејствата и пријателите да напишат писмо до нивните пра-пра-правнуци кое тие ќе го прочитаат за илјада години. Во текот на четири месеци, Ки Сајгон ги собирал овие писма од целиот свет, кружејќи од Австралија и Аргентина до Јапонија, Израел, Малдивите, Монголија, Тибет, Тајланд, Шри Ланка и САД. Здружувајќи се со локалните рециклирачи кои требало да ја соберат пластиката потребна за книгата, собираат различни пластични материјали, вклучувајќи кутии од стиропор, обвивки од меурчиња, пластични кеси и пластични листови кои ќе се користат како основен материјал при изработка на книгата.

Секое писмо е напишана рачно, со што се „останува верен на духот на проектот“. Понатаму, секое писмо било внимателно дигитализирано, буквите биле изложени на свилени екрани кои се користеле за печатење на пластичните страници од книгата. Секое писмо го придружува илустрација, која ги дополнува страниците на целосно рачно изработената книга, убаво споени заедно.

Кога станува збор за изборот на вистинските материјали за книгата, Ки Сајгон поминува извесно време експериментирајќи. На крајот, дизајнерите откриваат дека можат едноставно да се пеглаат различни пластики користејќи обична пегла и листови за печење. Со пеглање на мешавина од обвивки со меурчиња, кеси, мантили за дожд, церади и други видови тенка пластика, Ки Сајгон создава прекрасно спојување на текстурите на пластичните материјали. На крајот, секоја страница прераснува во индивидуално уметничко дело.

Од компанијата објаснуваат за крајната намера на книгата, дека сакаат да направат поврзаност меѓу пластиката и читателот: „Поврзаност што ќе ги натера да чувствуваат дека пластиката што безумно ја користиме има свој живот, и откако ќе биде надвор од нашето видно поле. Живот кој трае стотици и стотици години.“

Емотивните писма кои ги исполнуваат страниците на оваа книга посакуваат мир и среќа во времињата што доаѓаат. Некои споделуваат лични спомени, додека други прикажуваат сцени од обичниот живот; сцени исполнети со сини реки, слонови, шуми и диви животни.

Креативниот директор на крајот вели: „Бидејќи повеќето писма посакуваа оптимизам и мир за генерациите што доаѓаат, мислевме дека оваа книга е речиси како молитва, па првата страница од секоја книга започнува со: „Ова е молитва за иднината.“

Извор: It's Nice That

Слични содржини

Екологија / Око
Свет / Екологија
Фотографија / Екологија / Око
Мода / Екологија / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото