1028 hPa
93 %
-4 °C
Скопје - Сре, 17.12.2025 04:59
Има ли некој во Македонија што ќе побара Бугарија да го смени Ангел Димитров од историската комисија во интерес на добрососедските односи?
Има ли некој што ќе ѝ предочи на бугарската страна дека тој систематски шири лаги и користи говор на омраза кон членовите на македонскиот дел од комисијата и кон Македонија и Македонците?
Има ли некој да им јави дека тој човек не заслужува елементарно почитување а не пак да се разговара со него за историски прашања?
Има ли медиуми што ќе престанат да ги објавуваат неговите навреди и обвинувања кон Македонија и кои ќе остават глупостите и омразата да си ги користи само за домашна употреба и за јавност која сака да биде отруена од неговиот говор на омраза и шовинизам?
Ако нема, тогаш не ни се пишува добро. Еднаш мора да им се каже вистината в лице, колку и таа да не им се допаѓа.
Со таков расипан преговарач нема никогаш да се постигне било каков договор.
А можеби и не сакаат. Ако не го сменат, тоа им е целта. И тоа треба да го знаеме.
Ѓорѓи Спасов, Фејсбук, 20.09.22.