„Животот избива од мистериозни скривалишта“

21.09.22 11:39

Украинската уметница Дијана Евтух црпи инспирација од животната околина и верува дека еколошките проблеми со кои се соочува општеството може практично да се решат со помош на уметноста. Таа, меѓу другото, ја изразува корисноста на својата уметност преку внимателно сместување на цветни аранжмани во вдлабнатините на дрвјата.

Уметничките дела, прецизно направени со помош на иглата, содржат мешавина од живописни цвеќиња како афион, маргаритки и сончогледи, кои се вгнездуваат на површините и изгледаат како да шушкаат одвнатре. Нејзините дела често се споени со груби или распаднати површини, како стари камени ѕидови или рѓосан метал, со цел да ја „излечат“ штетата, нагласувајќи ја можноста убавината да ја најдеме и на неочекувани места.

Дијана Евтух е уметница со седиште во Лавов, нејзината работа добива уште поголема важност по инвазијата на нејзината родна земја од страна на руските сили на почетокот на оваа година. Делата од типот „Зошто ни го направија тоа,“ кои се резултат и на нејзиното искуство во областа на фотографијата и дизајнот, ја шират клучната порака дека Украина и понатаму е под закана.

И ќе дојде пролетта, а ноќта ќе ја нема“

„Животот избива од мистериозните скривалишта“

„Бод по бод, распуканиот и заборавен ѕид цвета со нов живот“

„Ниту еден кафез не може да го задржи сјајот на надежта“

Извор: Colossal

Слични содржини

Јавни простори / Уметност / Око
Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око
Технологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото