1016 hPa
36 %
31 °C
Скопје - Пон, 08.06.2026 15:59
Ја послав својата сиротност
на маса, небаре географска карта.
Го скицирав планот на патот
за својот дом низ ветрот.
Посетителите доаѓаат но не ме наоѓаат.
Оние што ги чекам не постојат.
А пиев жестоки пијалаци
за да им ги променам лицата
во ангели, во празни чаши.
Превод: П. В.
Алехандра Пизарник (шп. Alejandra Pizarnik; 1936—1972), родена како Флора Пизарник (шп. Flora Pizarnik), била истакната аргентинска поетеса и една од најзначајнијите латиноамерикански поетски личности во 20-иот век. Нејзиното поетско дело, кое за смета за неонадреализам, изразува дух на бунт кој се граничи со себеуништување.