Метузалем меѓу дрвјата

22.09.2022 14:34
Метузалем меѓу дрвјата

Колку би можело да биде старо најстарото живо дрво? Можеби 300 години? Или 1 000 години?

Како што биолозите ја истражуваат нашата планета, така пронаоѓаат сè постари и постари дрвја и ја поместуваат оваа граница. До неодамна се сметаше дека најстаро дрво (на сликата) на светот е - Метузалемот, бор (Pinus longaeva) кој расте во планинскиот дел од Калифорнија и наводно е стар 4 849 години.

Потоа е откриен уште еден постар Pinus longaeva - најстарото дрво на светот - кое живее веќе 5 066 години.

Тоа е мошне отпорен, иако загрозен вид навикнат на сурови услови. Живее на повисоки предели, сиромашно земјиште, каменести предели и сува, остра клима со минимална количина врнежи. Тоа се области во кои не можат да преживеат други видови.

Има мошне разгранет и плиток корен и расте бавно, а ветерот кој дува и останатите непогоди придонесуваат овие стебла да добијат помалку необични облици.

Точните локации на двата најстари примероци се чуваат во тајност за да останат безбедни и да поживеат што подолго.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://naukakrozprice.rs/

ОкоБоли главаВицФото