Објавување на победниците на наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН

23.09.2022 10:25
Објавување на победниците на наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН

По повод Европскиот ден на јазиците 2022, во вторник, 26 Септември, во 17:00 часот во Europe House Скопје, ќе бидат објавени победниците на деветтата награда за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ.

Наградите ќе ги предадат Н.Е. Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија, г-дин Владимир Мартиновски, Професор при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, писател, преведувач и амбасадор на наградата ВАВИЛОН за 2022 година и Г-дин Никола Ѓелинчески, Претседател на организацискиот одбор на наградата ВАВИЛОН и член на Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ.

Целта на оваа награда, започната од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, е промоција на младите преведувачи, и поттикнување на квалитетот во преведувањето на книжевни дела. Конкурсот е наменет за млади преведувачи до 26 години, додека делата мора да се преводи на книжевни дела од еден од 24-те службени јазици на Европската Унија на било кој од јазиците што се говорат во земјата.

На настанот ќе биде објавено и десеттото, јубилејно издание на Наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН и деталните критериуми за Наградата 2023.