Како да заштедиме струја во становите

26.09.2022 07:34
Како да заштедиме струја во становите

 

Во просториите послабо изложени на сонце, или затскриени поради соседната зграда, да се држат: сопствените светли моменти, светлите спомени, светлите примери, сјајните идеи, сјајните успеси и блескавите комбинации.

 

Кога е потребно појако осветлување, да се викаат што попаметни гости.

 

Во периоди на рестрикција на струја, да се викаат што поглупави гости на кои сијалицата никогаш не им се пали.

 

Кога е потребно лајт‒шоу да се викаат ќелави гости.

 

Наместо електрична пегла можат да послужат досадните гости.

Наместо електрични миксери, да се употребуваат вртигази и врцки.

 

Наместо правосмукалки да се користат гости што сакаат да душкаат.

 

Наместо електричен шпорет можат да послужат: неправдите (што печат), сонцето (што пржи), девојките или дечковците (што се барат), или миговите кога сè во вас врие.

 

Наместо греалки можат да послужат огнените обожавател(к)и, огнените бакнежи, огнените говоранции или огненото навивање.

 

Наместо електрично броило може да послужи сончев часовник.

Наместо машини за миење садови, да се употребуваат садови за миење машини.

 

Наместо фрижидери можат да послужат ладните облоги, ладното држење, ладниот прием, ладната насмевка и ладното оружје.

 

Наместо фен можат да се употребат ветерници.

 

Наместо апарат за ер-кондишн, да се служиме со чистиот народен јазик.

 

Доколку се немаат на располагање горе наведените реквизити за замена или заштеда на електричниот погон, електричните уреди можат да се приклучат на светлосната година.

 

А ПРОПО:
Штедете и бензин! Цигарите палете ги со гром!


Карикатури: Ellis Rosen

Избор и превод: П. В.

Извор за текстот: Драгослав Андриќ ‒ Сваштара (1981)

 

ОкоБоли главаВицФото