Минијатурни скулптури на мачки

26.09.22 11:17

Сакура Ханафуса е јапонски скулптор чие целокупно творештво е насочено кон изработка на минијатурни скулптури на мачки.

Ханафуса ги изработува своите скулптури рачно, при што како материјал за изработка користи дрво камфор. По резбањето на самата форма на скулптурата, Ханафуса со помош на маслени бои ги бои своите мачки и ги додава деталите на носот, шепите, мустаќите... Ликовите на мачките се моделирани според вистински миленичиња кои припаѓаат на неговите пријатели и роднини, и тие секогаш имаат игрив израз на лицето, без разлика на тоа дали се насмеани или срамежливи. Само неколку од скулптурите на Ханафуса се со големина на вистински животни, додека останатите може да ги собере во човечка дланка.

Извор: thisiscolossal

Слични содржини

Култура / Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото