1020 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 06:59
Иранките ширум Иран палат хиџаби и ја сечат косата во знак на протест против убиството на 22-годишната Махса Амини поради неносење хиџаб, од страна на полицијата за морал.
Махса почина во болница во петокот, откако беше брутално претепана од страна на полицијата за морал затоа што не носела хиџаб според правилата. Девојката отпатувала со своето семејство од западната иранска провинција Курдистан во главниот град Техеран за да ги посети роднините кога била уапсена поради наводно кршење на строгите правила во земјата за носење хиџаб. Очевидци тврдат дека Амини била претепана во полициско комбе додека била носена на едночасовно „превоспитување“.
Протестите избувнаа на погребот на девојката кога илјадници луѓе сакале да ѝ оддадат почит. По нејзиниот погреб, демонстрантите се собрале пред канцеларијата на гувернерот Сакез и протестите набрзо стануваат насилни. Мирни протести се организираат и на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Техеран, каде демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „жени, живот, слобода“. Некои од познатите актерки кои секогаш носеле хиџаб во јавноста објавија свои слики без него на социјалните мрежи.
Претседателот Ебрахим Раиси му нареди на министерот за внатрешни работи да отвори истрага за овој случај. Неколку пратеници изјавија дека ќе го покренат случајот во парламентот, додека судството соопшти дека ќе формира специјална работна група за истрага.
По Исламската револуција, во 1981 година, Иран донесе закон за задолжителен хиџаб. Членот 638 од исламскиот кривичен законик вели дека е кривично дело жените да се појавуваат на јавни места или на улица без хиџаб.
Мерките се толку строги што ранските власти планираат да користат технологија за препознавање лица во јавниот превоз за да ги идентификуваат жените кои ги прекршуваат правилата за хиџаб.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, исто така, издаде наредба во јули за спроведување на иранскиот закон за хиџаб и чистота со нови ограничувања. Заедно со сузбивањето на „неправилното носење хиџаб“, владата издаде и наредба против носење високи потпетици и најлон чорапи. Наредбата им наложи на жените задолжително да ги покриваат вратот и рамената.
Извор: Čuvari/ke vatre