1008 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 16:00
Фондацијата Отворено општество - Македонија и Центарот за современи уметности Скопје, организираат конференција на тема: „Време за ресетирање - Предефинирање на моќта на заедниците преку креативен активизам и ангажирана уметност“, која ќе се одржи на 30 септември и 1 октомври 2022 година, во Јавна соба во Скопје.
Граѓанскиот ангажман е клучен за поттикнување на балансирана власт и токму затоа се вложуваат значајни ресурси во подигнувањето на граѓанската свест за важните прашања. Идејата на оваа конференција е да се осмислат нови приоди за оние кои застапуваат општествени промени и ги пренесуваат на следното ниво.
На конференцијата ќе учествуваат познати теоретичари, ангажирани уметници, активисти и организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Гана, Германија, Северна Македонија, Сенегал, САД, Србија, и Холандија што промовираат слични или комплементарни. Тие ќе ги анализираат искуствата и ќе ги продискутираат претстојните предизвици и можности.
Настанот има за цел да ги капитализира овие искуства со надеж дека ќе инспирира уште покреативни и поиновативни граѓански акции, ќе создаде позитивни синергии и учења, кои ќе постигнат ефект на мултипликатор во заедниците во иднина.