
Отсутните воздивнуваат сиво и ноќта е непроѕирна.
Ноќта има боја на мртовечки трепки.
Цела ноќ бегам, управувам со потрагата и бегството,
пеам песна за своите неволи,
црни птици меѓу црни мртовечки покрови.
Се откажува од мене безумниот ветар. Се заробувам, се тргам
од вознемирената рака, ништо освен црна ноќ не познавам.
Превод: П. В.