Мистериозниот век на идеи

29.09.2022 10:18
Мистериозниот век на идеи

„Даниел меѓу лавовите“ од Питер Пол Рубенс – масло на платно

Пред околу 2.500 години, човештвото беше сведок на период на ненадејна инкубација на идеи која се случува низ целата планета, нешто што ретко се случува во историјата на човечката цивилизација.

Можеби не сте знаеле дека Буда, Сократ и Конфучиј живееле во исто време и дека во период од околу сто години, на преминот меѓу шестиот и петтиот век п.н.е., се појавиле сосема незамисливи идеи во филозофијата, науката и религијата, идеи кои и денес претставуваат основа за разбирање на светот.

Во овој период, од Демокрит, Херодот, Есхил, Анаксагора до Фидија, Перикле и Хипократ, се напишани најголемите грчки драми, создадена е првата индиска граматика, напишани се првите зборници на кинеската мудрост и поставени се темелите на историската наука, медицината и физиката.

Според легендата почитувана во јудаизмот, христијанството и исламот, пророкот Данило, учен и влијателен Евреин од дворот на персискиот император, сретнува ангел. Дејството на овој пророк е поврзано со победата на Кир и промената на власта во Вавилон, по што завршило полувековното вавилонско ропство над Евреите, во 537 година п.н.е. Тие се враќаат во Ерусалим, се гради вториот Храм и започнува ерата кога ќе се уредат античките текстови, од Мојсеј до книгите на Пророците, а Стариот завет ќе ја добие формата што ја знаеме денес.

Во исто време, во 528 п.н.е., во северна Индија, младиот принц Готама Буда од племето Шакја патува низ рамнините во подножјето на Хималаите и додека истражува зошто животот е толку болен за луѓето, доживува просветлување. Неговите учења ќе се рашират низ индискиот континент и ќе стигнат до Индокина. Будизмот на крајот ќе прерасне во една од водечките религии во светот.

Слика на Буда. на ѕидот во храмот Јоханг во Тибет

Интересно е што во исто време делува уште еден индиски мудрец, Махавира, кој го формулирал учењето џаинизам. Во Персија пак, во ова време, својот процут го доживува зороастранизмот, религијата за доброто и злото која ја поддржува и негува кралското семејство, а е основана од страна на мудрецот Заратустра (се верува дека и самиот живеел околу 1200 г. п.н.е., во времето на Тројанската Војна, иако некои автори сметаат дека тоа не е точно и дека тој бил современик на Буда, еден од мислителите во векот на идеи).

Далеку на исток, во Кина, каде луѓето коваат железо веќе два века и копаат канали за наводнување, меѓу благородниците и научниците се води таканаречената „војна на сто школи,“ за смислата на светот. Во кинеската држава Лу, младиот наследник на рано починатиот генерал, господарот Кунг или Кунг Фу Це, кој на запад ќе биде познат како Кунфучиј, на крајот на 6 век п.н.е. воспоставува нова доктрина за етика во животот и државните работи, што ќе стане основа на кинескиот поредок и религиозната мисла позната како конфучијанизам.

На Апенинскиот Полуостров пак, во исто време - 510 година, во воинствениот град-држава на бреговите на реката Тибар, доаѓа до внатрешни немири. Последниот римски крал паѓа од власт и се создава Римска Република, творба која во наредните неколку века е ја освои не само Италија, туку и целиот познат свет околу Медитеранот. На другата страна на светот, во Централна Америка, уште една цивилизација зема замав – од 650 година пред новата ера, се шират градовите-држави на цивилизацијата на Маите, а се смета дека во ова време настанал и нивниот прв календар.

На почетокот на петтиот век пред нашата ера, Персијците ја напаѓаат Грција и почнуваат познатите грчко-персиски војни кои ќе прераснат во симбол на немирите меѓу Европа и Азија, а градовите-држави, како Атина и Спарта, ќе успеат да ѝ се спротивстават на надмоќната Источна империја - се водат легендарните битки на Маратон, а подоцна и во Термопили и Саламис.

Во Атина се гради Партенон и се создаваат највозвишените дела на грчката уметност. Перикле и цела низа личности чие дело ќе стане дел од глобалното историско и духовно наследство, се активни токму во оваа ера. Ова е време кога класичната грчка филозофија го достигнува својот врв, отелотворена во централната фигура на мудрецот од Атина, Сократ. Длабочината на разбирање на светот, до која стигнале грчките филозофи од оваа епоха, никогаш не била достигната во толкав обем.

"Смртта на Сократ", од Жак-Луј Давид (1787).

Овој век е одбележан и со зголемената употреба на леано железо - со значителна содржина на јаглерод, лиеното железо ја нема еластичноста што ќе ја има челикот, но за ковачите од таа ера овозможува лиење на широк спектар на облици. алатки и украси. Во ова време се создадени првиот катапулт, сидро, првиот кран и првата примена на перспектива.

Не е сосема јасно зошто токму во овој период има толку ненадеен, истовремен процут на разни нови учења. Тоа веројатно било предизвикано од акумулацијата на знаење, но и од бројот на луѓе. Тогаш човечката популација за прв пат достигнува 100 милиони луѓе, иако ова е предмет на опширни демографски дискусии.

Човековата историја го зазема својот сегашен тек откако човекот почнува да припитомува житарки и одредени животни, пред повеќе од 10.000 години, што се смета за земјоделска револуција. Од тој период се развиваат првите населби, храната може да се складира, човечките заедници растат и луѓето имаат се повеќе време. До нови промени доаѓа пред неколку улјади години, со новата промена настаната во технолошката парадигма – со откривањето на металургијата и почетокот на бронзениот период.

И тогаш, во градовите-држави кои процветаа во текот на првиот милениум пред нашата ера, кои се споија и преминаа од една империја во друга, во континуирана борба за ресурси, се складирани и техничко знаење и навестувања за ново духовно знаење. Тогаш, 500 година п.н.е., како во фазна транзиција, се отвора сосема нов хоризонт на идеи - се случува духовна експлозија, чиј звук и денес јасно го слушаме.

Превод: Марина Туфекчиевска
Извор: naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото