1029 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Нед, 19.01.2025 19:59
Во сабота, 1 октомври, во Културно информативниот центар – КИЦ во Скопје, со почеток од 19:30 часот ќе биде отворено 60-тото јубилејно издание на Денови на македонска фотографија.
Изложбата е во организација на Фото сојуз на Македонија и на неа ќе можат да се погледнат сите 101 примени и 28 наградени фотографии, одбрани од страна на стручното фотографско жири во состав Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Владимир Арсовски. Доделувањето на наградите ќе биде во склоп на отворањето на изложбата.
Првонаградената колекција и добитникот на плакетата "Благоја Дрнков" за 2022 година на ДМФ, Иван Михајловиќ - "Agro Lines"
Прва награда за поединечна фотографија на 60тите "Денови на македонска фотографија"
Зоран Андонов – "Тома"
Диплома за колекција на 60-тите „Денови на македонска фотографија“ - Виктор Герасимовски
Првонаградената фотографија во младинска категорија.
Каја Тасевска - „Hope“
Диплома за поединечна фотографија во младинска категорија.
Славиша Цветаноски - “Girl With The Pearl Earring“
Покрај другото, оваа година, за првпат ќе може да се погледне проекција на фотографии од македонски автори во период од 1940-1980 година. Меѓу застапените автори се великаните на македонска фотографија: Благоја Дрнков, Живко Јаневски, Александар Цветиновски, Лазо Величковски, Владимир Плавевски, Роберт Јаки и други.
Изложбата е дел од манифестацијата Бела Ноќ, и е поддржана од Министерство за култура како проект од национален интерес.