1013 hPa
87 %
11 °C
Скопје - Вто, 19.03.2024 07:59
Јас сум дебелокожец, односно низ годините навикнав и отрпнав на различни гадости кон мене и тие веќе не ме допираат како порано. Сепак, два пати ми се случило вистински да сум вознемирена и да ми се преврти утробата. Првиот кога ми го чепнаа детето, а вториот е ова. Моето ментално и физичко здравје не можат да останат недопрени од такви ситуации. За да наречеш некого нацист или фашист зашто не мисли како тебе, треба да си длабоко злобен и гаден лик.
Овие исфрустрирани кукавици, кои немаат храброст да се појават со име и презиме и да застанат јасно зад своите ставови, со години ме малтретираат. Ако пребарате на нивната ФБ страница ќе добиете над 50 засебни објави кои го содржат моето име и мојата слика.
Никогаш досега не сум реагирала институционално, ама овојпат не можам да не го сторам тоа. Сите 50+ објави ги архивирав, заедно со последнава, и ќе побарам заштита од полицијата и судството. Знам дека ваквите се заштитени мечки во нашето општество, знам и дека безбедноста на активистките никогаш не била важна за нашиот систем, ама јас друга опција немам.
Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 14.03.24.
„Што знаеш за атомите?“
„Многу малку.“
„Добро, и што уште?“
Враќање на јавниот простор преку граѓански ангажман 2006 - 2020
Списанието за култура „Маргина” #95 е број посветен на попреченоста.
2009-2024 okno.mk, сите права се задржани.