Започнува 17- тото издание на АКТО

30.09.2022 14:22
Започнува 17- тото издание на АКТО

Годинешното издание на Фестивалот за современи уметности започнува денес, 30 септември, и ќе се одвива во наредните три месеци под тематиката "Современи (не)демократии II: Грижата и заедничките простори" со повеќе настани во Скопје.

Во 2021 и 2022 година АКТО се трансформира во неколкумесечна фестивалска платформа со двогодишна истражувачка тематика - современи (не)демократии. Идејата на АКТО е да прерасне од активна сцена на презентација во фестивалска платформа за продукција и едукација во областа на современата уметност преку уметнички истражувачки практики.

Тргнувајќи од тоа дека АКТО е резултат на еден факултет на кој не се учи, туку се создава работејќи, постојано тестирајќи ги лимитите на своите капацитети во таа желба и љубопитност, АКТО овој пат својот „факултет“ го ресоздава во и со образовните институции и институции за презентација на уметноста.

На првиот ден од Фестивалот, со почеток од 17:30 часот до 19:00 часот, во дворот на Архитектонски факултет – Скопје ќе се изведе перформативната интервенција АКТО АКЦИЈА: ДА СЕ ПИШУВА ЗА ГРАДОТ! Станува збор за сајт специфик перформативна интервенција како резултат од работата на тридневната работилница предводена од Филип Јовановски (Скопје) , Миодраг Куч (Берлин) и Борис Бакал (Загреб) во рамки на проектот работилница „Траги на скопскиот брутализам“ поддржана од ЕУ академската програма КОСТ и акцијата „Пишување урбани простори. Нови наративи за европскиот град“ (28-30.09.2022) и Архитектонски факултет Скопје.

По овој настан следуваат уште неколку настани во октомври и ноември 2022 година, меѓу кои интернационална изложба и симпозиум „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ курирана од Ивана Васева и Бојана Пишкур во соработка со Модерна галерија и Музеј на современа уметност Метелкова Љубљана; перформанс „Изгубени модернистички утопии“ на Филип Јовановски во соработка со ZK/U-Берлин, Фрлачи на сенки –Загреб, Архитектонски факултет Скопје, промоција на публикација „АКТО зборува 2006-2020“ со интернационални гости и програма од перформанси и другi настани, кои дополнително ќе бидат објавени.

Слични содржини

Активизам / Култура / Уметност
Јавни простори / Култура / Уметност
Активизам / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Култура / Уметност / Настан
Активизам / Јавни простори / Уметност

ОкоБоли главаВицФото