Овие 269 вработени не ми е јасно што прават

30.09.2022 16:45

Ј.П. Градски паркинг Скопје, под чие управување е паркингот пред зграда, решава дека граѓаните кои имаат возила треба да си ги ажирурираат податоците. Прават ревизија на сите договори за паркинг услуги што значи дека се сомневаат во сопствената работа, односно дека претходно се издавале дозволи на луѓе кои не треба. Супер.

Претпријатието има 269 вработени, плус директор, надзорни, управни одбори....и сите тие имаат плата благодарејќи на скопјани кои го полнат градскиот буџет и на граѓаните кои ги плаќаат нивните паркинг услуги,
И во 21 век, опцијата која ти ја нудат е една- само лично, кај нив во канцеларија, до 16 часот, кога вообичаено луѓето се на работа да отидеш , да ги ажурираш податоците за ревизијата која ја почнале во мај.

Нема опција преку мејл, нема опција ниту да се симнеш во куќарката на паркингот, во која 24 часа има нивни вработен човек и него да му ги оставиш податоците. На шалтерче, кај службеник, да си излезеш од работа, да им ја најдеш канцеларијата и да си ги ажурираш сам податоците, а овие 269 вработени плус десетици во управни и надзорни одбори, еве уште не ми е јасно што прават.

Фросина Димеска, Фејсбук, 30.09.22.