1012 hPa
37 %
27 °C
Скопје - Вто, 09.06.2026 19:59
за Christina Campo
Моите гласови се тие што пејат
за други да не пејат -
оние во сивилото замолчано в зори
преоблечените во птици на пустошот, на дожд
Постои, додека чекањето трае,
гласина за скршениот јоргован.
И постои, кога ќе стигне денот,
делба на сонцето на мали црни сонценца.
И кога е ноќ, секогаш,
едно племе на осакатени зборови
бара засолниште во моето грло,
така што тие не можат да пејат,
злокобниците, сопствениците на тишината.
Превод: П. В.