Одбележан Хабитат ден и интернационалниот ден на потстанарите

04.10.2022 23:09
Хаби

Во просториите на Europe House во Скопје, се одржа чествувањето на Хабитат ден (3 октомври) – светски ден на живеалиштата, кој воедно е и интернационален ден на потстанарите во светот. Настанот го спроведе Организацијата за домување и станари ОДС, со поддршка на Олоф Палме Интернационалниот центар.

Домувањето е основно право во секое општество и затоа треба да се третира локално, национално и меѓународно. По повод Хабитат ден беше одржана панел дискусија посветена на предизвиците со домувањето во Македонија, за да се издигне важноста на домувањето на секој граѓанин. Се говореше за состојбата со домувањето во Македонија, што се случува со унапредување на законот за домување, домувањето и ранливите групи, одржливото домување, потребата на зголемување на инспекторите за домување, регулирање на закупите за издавање станови/куќи, потребата за нова стратегија за домување и интегрирање на домувањето низ другите институции на локално и национално ниво и многу други предизвици.

На дискусијата беше истакнато дека на домувањето треба да му се даде поголемо значење, особено во урбаните општини кои скоро да не го третираат домувањето иако тоа е во надлежност и примарно за општината. Најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните произлегуваат од детектираните недостатоци во Законот за домување, како и многу слабата контрола над управителите а тоа е резултат на немање инспектори за домување во општините кои вршат надзор над работата на управителите кои се лиценцирани за домување.

Домувањето како еден од најважните аспекти на животот на секој поединц и/или семејство е многу важно да се планира во поширокиот економски, социолошки, културен и еколошки контекст. Преку долгорочно и одржливо планирање на домувањето во рамките на градот или населбата, се добива квалитетно домување кое позитивно влијае на севкупната благосостојба кај граѓаните. “Мора да се акцентира важноста на рамномерното планирање на сите градови, а не само на главниот град и негативната страна на пренаселеноста и прекумерното градење, кое не значи развој на заедницата, туку напротив - злоупотреба на просторот во градот и градските вредности.” - истакна Ива Петрунова, Магистер инженер архитект и доктор од подрачјето на општествените науки од полето на социологијата.

На дискусијата учествуваа и Зоран Маџовски, Претседател на регулаторната комисија за домување на Македонија, и Маја Сталеска претседател на здружението ОДС.

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Живот
Општество / Активизам / Јавни простори
Општество / Активизам / Јавни простори
Општество / Активизам / Живот / Филм
Општество / Активизам / Живот / Теорија
Општество / Активизам / Живот
Општество / Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото