Скопски маратон 2022

05.10.22 10:15

Во недела, 3 октомври, се одржа „Виз Ер Скопски маратон“ на кој учествуваа 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави.

18-тиот по ред скопски маратон се трчаше по нова патека која доби сертификат од Светската атлетска федерација што го потврдува квалитетот на овој настан.

Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат, кој ја истрча патеката долга 42 км низ улиците на македонската метропола со време 2 часа 18 минути и 19 секунди е победник на Виз Ер Скопски маратон 2022. Втор беше Македонецот Дарио Ивановски, а трет Никола Илиевски.

Во женска конкуренција победи Кетрин Черотич од Кенија со време 2:38,48 пред македонската атлетичарка Билјана Кираџиева и Тамара Попов од Србија.

Во полумаратонот (21 километар) најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Жан Тошев во машка конкуренција.

Фотографии: Небојша Гелевски

 

Слични содржини

Фотографија / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Настан / Око
Фотографија / Спорт / Око

ОкоБоли главаВицФото