Обезвреднето образование

05.10.2022 09:46
Обезвреднето образование

Најдобар начин да ги корумпираш граѓаните и да ги држиш во постојана зависност е да го обезвредниш образованието.

Лошото образование значи луѓе кои се зависни од политичарите за запишување и завршување факултет, вработување, специјализации, правосуден испит, напредување.

Тоа е цела армија која мора да гласа за одредена политичка структура затоа што ќе и биде загрозена егзистенцијата.

Албанските политичари во Македонија се лидери во обезвреднувањето на образованието и градењето на сигурна неписмена маса која е потполно зависна од нив. За тоа е искористен и злоупотребен Охридскиот договор, за тоа се злоупотребени квотите, заради тоа е уништен и мерит системот во администрацијата и заради тоа се злоупотребува системот на правична застапеност. Не за добробит на граѓаните туку за нивно претворање во мизерна неписмена маса зависна од политичарите.

Македонските политичари постепено го открија благодетот на ваквиот пристап, го прифатија со широко раширени раце, го издигнаа на пиедесталот на највисока партиска вредност и ја започнаа трката под назив “глуп, поглуп, најглуп“.

Сега сме во тој затворен круг на се полоши политичари, се покорумпирани граѓани и се помизерно образование кое има единствена цел да не ги загрози оние кои веќе освоиле некои позиции во општеството и да продуцира идни поданици и партиски зависници.

Професорите криминалци се само завршната фаза во развојот на професорскиот кадар кој од интелектуална елита премина во медиокритетство, па заглави во партиска затупеност, за да се трансформира во криминална елита.

Колажи: Isabel Reitemeyer