Словенија ги легализираше истополовите бракови и посвојувањето деца

06.10.2022 12:39
Словенија ги легализираше истополовите бракови и посвојувањето деца

 

Словенечкиот парламент го усвои амандманот со кој се овозможува истополови партнери да стапат во брак и да посвојуваат деца, по пресудата на Уставниот суд.

Измената на Законот за семејство беше изгласана со 48 пратеници кои гласаа „за“ и 29 кои беа „против“, додека еден пратеник беше воздржан.
„Со овие измени го признаваме правото на истополовите парови кои требаа да го имаат многу одамна“, изјави министерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности, Симон Маљевац.

Словенија е прва држава од Источна Европа и прва поранешна комунистичка земја која поддржа ваква реформа во Европа. Естонија, во 2016 година призна истополови бракови склучени во други држави. Хрватска, Чешка, Унгарија и Црна Гора имаат закони со кои се легализираат истополовите граѓански заедници, додека во Унгарија дури и зборување за хомосексуалност пред малолетници може да биде казнето по летото 2021 година.

Во јули, највисокиот суд на Словенија пресуди дека законот кој го дефинира бракот само помеѓу маж и жена е дискриминаторски кон геј и лезбејските парови. Уставниот суд ги суспендираше овие законски одредби и нареди Парламентот да ги усогласи во следните шест месеци.

Ова прашање го покренаа со жалба две истополови двојки кои не можеа да се венчаат или да се квалификуваат да посвојуваат деца.

Главната опозициска партија, Словенечката демократска партија, ја критикуваше одлуката на Уставниот суд и организираше повеќе протести против измените на Законот.

Извор: euronews.

Слични содржини

Општество / Живот / Култура
Општество / Живот
Општество / Активизам / Квир / Живот
Општество / Живот
Општество / Стрип / Живот
Општество / Живот

ОкоБоли главаВицФото