1016 hPa
75 %

3 °C
Скопје - Пон, 17.02.2025 04:59
На 7 октомври (петок), со почеток во 20.00 часот, во Младинскиот културен центар целовечерен концерт ќе одржи скопската група „Културно уметнички работници“.
Покрај нив, како гости на концертот ќе настапат и пријателските бендови „Катран“ и „Сватовски“. На концертот ќе биде презентиран материјалот од најновиот, седми по ред албум на „Работниците“, насловен „Панк кабаре“, кој е веќе снимен и е планирано да биде објавен до крајот на оваа година.
Реализацијата на концертот е поддржана од Град Скопје.
Распоред на настапи:
20.30 - 21.00 – Сватовски
21.10 - 21.50 – Катран
22.00 - 00.00 - Културно Уметнички Работници