1024 hPa
54 %
11 °C
Скопје - Чет, 15.01.2026 15:55

Гадинки во градинки
јаделе останки
од наполитанки!
***
Мали единки
во градинки
имале каснатинки
од гадинки!
***
Манекенки
Британки
танки ко сенки
јадат десетинки
па и стотинки
од деланки.
***
Муслиманки јадат маслинки,
Палестинки јадат палачинки,
Италијанки јадат наполитанки,
Шпанки јадат мешунки.

***
Финки се фини,
Филипинки се финки.
Индијанки јадат индијанки.
***
Други единки од племето Инки
заедно со младинки
Кинезинки и Аргентинки
седат на височинки
и пијат од инки.
***
Џанки
со плетенки
во мокасинки
по игранки
им свири фанки
на Иранки, Данки,
Велшанки, велешанки,
виничанки, виенчанки,
наполитанки
и на други
граѓанки
странки.

Слики: Zoe Hawk