„Не ме третираа како човек, ме третираа како животно“

07.10.22 10:50

Алин Дешамп е тајландско-француска фотографка, во моментов со седиште во Бејрут, Либан. Водена од страста кон геополитиката и визуелните уметности, работата на Дешамп се фокусира на општествени прашања како што се идентитетот, егзилот и културното наследство.

Во нејзината последна серија, „Јас не сум твое животно“, таа го следи секојдневниот живот на работничките -мигрантки од Сиера Леоне кои ги запознала во Бејрут во 2020 година, документирајќи ги нивните искуства во Бејрут и нивната реинтеграција назад во нивната татковина, во 2022 година.

„Насловот на серијата произлегува од дискусиите што ги имав со оваа група жени, од кои повеќето имаа избегано од насилни домаќинства и беа жртви на трговија со луѓе“, објаснува Дешамп. „За време на размената, сите тие споделија дека се чувствуваат дехуманизирани откако стапнале во Либан. Постојано се повторуваше една реченица: „Не ме третираа како човек, ме третираа како животно“.

„Јас не сум твоето животно“ има за цел да го пренесе искуството да се биде црна мигрантка во Либан, соочена со системски расизам, во земја во која црното тело често се сведува на една позиција: онаа на „слуга“.

Извор: booooooom

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото